Пленковиќ: Не е фер за Северна Македонија, чекаше 15 за грчкото прашање, сега има ново прашање

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ на панелот во рамките на Стратешкиот форум во Блед кажа дека не се фер блокадите кои ѝ се прават на Северна Македонија на патот кон Европската унија.

„Сите билатерални прашања коишто не се формално и правно поврзани со легислативата на ЕУ треба да бидат елиминирани од пристапниот процес. Тоа не е навистина квантна физика да се воспостави и треба да бидеме коректни во тој аспект. Случајот со Северна Македонија е пример за тоа. Чекаа 15 години да се реши грчкото прашање, сега имаме ново прашање. Тоа не е фер, тоа е штетно за имиџот на ЕУ и јас го велам тоа јавно со години и ќе продолжам да го велам особено со искуството на Хрватска“, кажа Пленковиќ.

Пленковиќ кажа сега целата дебата околу проширувањето на ЕУ е забрзана заради руската агресија врз Украина. Ако ова не се случеше војната во Украина, како што рече Пленковиќ процесот ќе беше бавен и со нова методологија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното