Еуфорично е пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.
Се слави победата на Александар Јовановски.
Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), во Кичево убедливо водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, пред кандидатот на НАИ, Фатмир Дехари.
Со победата на Јовановски, ВМРО-ДПМНЕ по 2009 година за првпат победи во општината од над 50.000 гласачи.