По 43 години Доли Партон повторно зајачица – еве кој е поводот за тоа

Американската кантри пејачка Доли Партон, по дури 43 години повторно го облече како „зајачица“, а имаше и посебен повод за тоа.

Таа сакала да го направи посебен роденденот на нејзиниот сопруг, па повторно облече ист костум како во 1978 година, кога позираше за познатото „машко списание Плејбој“.

„Се сеќавате кога пред некое време реков дека ќе позирам за списанието „Плејбој“ кога ќе имам 75 ​​години? Е па, јас имам 75 години ама списанието го нема, но мојот сопруг секогаш ја сакаше таа оригинална насловница на „Плејбој“, па затоа се обидов да смислам нешто за да го направам среќен. Тој сè уште мисли дека сум „згодна девојка“ и по 57 години – и нема да се обидам да му го оспорувам тоа!… Мислите дека „Плејбој“ треба да ми плати барем за оваа фотосесија? Да!“, вели таа во видеото.

Минатата година, Доли во шоуто на Скот Милс и Крис Старк на „Би-би-си радио 5“ навести дека сака повторно да позира за „Плејбој“ во чест на нејзиниот 75-ти роденден.

„Значи, да, можно е. Да, разговаравме за тоа“, рече таа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното