Македонија

По 51. марш за „Пулс“, родителите прашуваат каде се советниците што пешачеа со нив пред изборите

По 51. марш за „Пулс“, родителите прашуваат каде се советниците што пешачеа со нив пред изборите
ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Пред локалните избори, на маршевите за „Пулс“ во Кочани доаѓале и дел од луѓето кои денес се општински советници. По изборите, семејствата ретко ги гледаат, рече Александар Наунов, татко на загинатата Надица, во „Ноќно студио“ на 4ТВ. Наунов зборуваше по 51. марш, кој се одржа во саботата.

„Сега доаѓаат на маршевите?“, го праша водителот. „90 проценти не“, одговори Наунов.

Според неговата процена, пред изборите на маршевите доаѓале десетина до петнаесет луѓе од таа група, заедно со своите семејства. Сега, вели, од нив доаѓаат само едно или две семејства. Наунов смета дека дел од оние што престанале да доаѓаат ја искористиле болката на родителите за својата изборна кампања.

И Томче Стојанов, татко на загинатиот Андреј, рече дека ја почувствувал промената по изборите. Според него, луѓе кои пред гласањето им кажувале на родителите дека ги разбираат и ги поддржуваат, почнале еден по еден да се оддалечуваат откако добиле функција.

„А катастрофата и загубата, само ние знаеме што значат за нас“, рече Стојанов.

Тој кажа дека семејствата очекуваат правична судска одлука. За него лично тоа би значело еден ден, пред споменикот на своето дете, да може да каже дека се борел за правда.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни