По десет години градба: Галерии ќе го спасуваат автопатот Кичево-Охрид од свлечишта и одрони

Автопатот Кичево-Охрид, кој се гради веќе десет години, добива нови заштитни структури за да се надминат проблемите со теренот.

Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, објави детали за изградбата на т.н. бетонски „галерии“ – специфични конструкции наменети за превенција од одрони на местата каде што земјиштето е нестабилно.

Овој инфраструктурен проект, кој стана симбол за долгогодишни одложувања, е еден од најголемите инфраструктурни проекти во земјата и се работи на неа повеќе од десет години, со првичен буџет што е значително зголемен од оригиналните околу 600 милиони евра.

И покрај децениското доцнење, од претпријатието уверуваат дека работите сега се одвиваат според планот и дека безбедноста на патниците ќе биде загарантирана со новите технички решенија.