По долги години љубов, Викторија Лоба и нејзиниот избраник одлучија да ја крунисаат љубовта со црковен брак во Охрид. Таа блеска на свадбениот ден..
Во април 2019 година, Викторија ја прифати понудата за брак од нејзиниот партнер Ѓорѓи. На раката на пејачката заблеска голем дијамантски прстен, но плановите да ја озаконат нивната долгогодишна љубов беа одложени од пандемијата на коронавирусот.
Нашата позната пејачка, Викторија Лоба на својот инстаграм – профил објави прекрасна фотографија на која се бакнува со својот долгогодишен партнер, бизнисменот Ѓорѓи Калешов.
На зајдисонце, пред црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид пејачката заедно со својот партнер се заколнаа на вечна љубов. Лоба изгледа бајковито во прекрасна венчавица со долг вел креација на македонската дизајнерка Моника Коцарева Ергиќ. Косата на пејачката е стилизирана во интересна пунџа во плетенки, а целиот изглед е надополнет со романтичен бидермаер од бели рози.


