По гласањето во Македонија, Преспанскиот договор се сели во Грција

Грчкиот парламент ќе треба да го ратификува Преспанскиот договор, по извршувањето на уставните промени во Македонија. Владејачката коалиција на Ципрас има мнозинство во парламентот, кое е доволно за ратификација. Но коалициониот партнер, партијата „Независни Грци“,се противи на користење на зборот Македонија од страна на Грција.

Кирјакос Мицотакис упати остри критики до актуелната Влада и до Панос Каменос по најавите дека тој веројатно ќе се повлече од коалицијата поради Договорот од Преспа.

„Треба да говориме за соучество, бидејќи господинот Каменос е соучесник на господинот Ципрас после Преспа. Штом не се согласуваше, требаше уште од тогаш да си замине. Но, наместо него, од владата си замина архитектот на Договорот од Преспа, поранешниот министер за надворешни работи, господинот Коѕијас“ – рече Мицотакис коментирајќи дека оставката дошла на „владина седница без преседан со меѓусебни обвинувања за поткуп и употреба тајни фондови“.

Ципрас и Каменос, како и коалициските партнери се очекува средба да одржат во петок.

Извор: ТВ21