Во ходникот пред судница 1 во Кривичниот суд, одбраната и јавноста чекаа повеќе од еден час за да продолжи судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Од обвинетите во ходникот присутен беше само Александар Ѓорчевски, кој беше спроведен од куќен притвор. Причина за доцнењето на продолжението на судењето билото неофицијално известување дека нема доволно превозни средства за да бидат пренесени останатите обвинети од затвор.
На почетокот од денешното судење, судијата Ивица Стефановски се извини за доцнењето. „Извинете за доцнењето, иако беше најавено од затвор Скопје“, рече судијата Стефановски.