По терк на детето убиец – малолетно дете си игра со пиштол, покажува куршуми, а потоа и симулира пукање!

Откако Коста К.(13) пред два дена во основното училиште Владислав Робникар уби седум другарки, еден другар и чувар, социјалните мрежи не престануваат да зборат за трагедијата што ја погоди цела Србија и регионот.

По многубројните коментари за поддршка на малолетниот убиец, кои го згрозија регионот, децата ширум Србија споделуваат видеа на кои го поддржуваат Коста К., а денеска на социјалните мрежи се појави видео кое ги остави сите во страв.

Имено, на социјалната мрежа Инстаграм се појави видео на кое малолетник покажува како крие пиштол под своето биро, каде што најчесто учи.

Откако истото им го покажал на своите „следбеници“, извадил и куршум од фиоката.

После тоа момчето го оставило телефонот на страна за да се слика подобро, а потоа проверило дали има куршум во магацинот, по што го репетирал пиштолот, а потоа симулирал пукање.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното