По трагедијата во Кочани: Утре Ден на жалост во Црна Гора

По страшната трагедија во Македонија каде загинаа 59 лица, за утре е прогласена и Ден на жалост во Црна Гора.

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ на Икс истакна дека изразуваат длабоко сочувство за семејствата на жртвите.

„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време и со ова ја информира јавноста дека понеделник, 17 март, во Црна Гора ќе биде Ден на жалост. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Северна Македонија“, напиша Спајиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното