Со голема тага и болка, денес беше споделена веста дека по кратко и тешко боледување, згасна животот на Бојан Милковски од Штип, момчето за кое во изминатиот период се организираа бројни хуманитарни акции и донации.
Бојан, роден во 2002 година, се бореше со сериозна здравствена состојба и беше на лекување во приватна болница во Скопје. За продолжување на третманот беа потребни околу 20 илјади евра, а бројни граѓани, кафулиња и организации низ земјата се вклучија во акцијата за собирање средства.
За жал, и покрај сите напори, Бојан ја загуби битката со болеста.
Пријателите и сограѓаните се простуваат од него со пораки полни љубов и благодарност, споделувајќи спомени за неговата добрина и насмевка која сите ја паметат.
Читај и ова:
- 1.ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот кој траел со години на компанијата Марковски, сега е на пат да биде амнестиран благодарение на поединци од судството на Заев и Филипче
- 2.Повеќе од 4.000 федерални службеници во САД добија известувања за отпуштање
- 3.Лукашенко: Нобеловиот комитет донесе кратковида одлука
- 4.Најголемиот транспортен проект во историјата на Европа: Ќе ги поврзе сите поголеми градови
- 5.Нови правила за влез и излез од Европската Унија од утре