Почина деветгодишно дете, било пренесено на Детска клиника во тешка состојба

Деветгодишно дете од Општина Свети Николе, кое било во тешка општа состојба, почина на Клиниката за детски болести во Скопје.

Според соопштението од Клиничката болница во Штип, детето било донесено на Одделот за детски болести на 14 јануари во 18 часот со нарушена свест. По итни биохемиски анализи и КТ на глава, било транспортирано до Скопје во 19 часот истиот ден, со медицинска придружба.

Причините за смртта засега не се објавени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното