Дражен Далипагиќ, еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња, почина на 74-годишна возраст, пишува Спортклуб.
Оваа информација на официјалната веб-страница ја сподели и Кошаркарскиот клуб (КК) Партизан, тимот во кој Далипагиќ мина најголем дел од кариерата.
„И мораше да дојде тој ден… Денот кога замина големиот Праја. По долго и тешко боледување утрово во Белград почина Дражен Далипагиќ. Најдобриот стрелец во историјата на КК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, се вели во соопштението на КК Партизан.

Освои злато на светските првенства во 1978 година, сребро во 1974 година, како и бронза во 1982 и 1986 година. На Олимписките игри освои злато во 1980 година, сребро во 1976 година и бронза во 1984 година. злато во 1973, 1975 и 1977 година и сребро во 1981 година и бронза во 1979 година.
Прогласен е за најдобар кошаркар на ЕП во 1977 година, а за најдобар кошаркар на Европа во 1977, 1978 и 1980 година.
Италијанскиот кошаркарски весник Супербаскет му го додели признанието „Mr. Europe“, во 1977 и 1978 година, награда наменета за најдобриот европски кошаркар, без разлика дали игра на Стариот континент или не. Во 1980 година ја добива кошаркарската награда Еуроскар.
Покрај за Партизан, Дражен Далипагиќ настапуваше и за Реал Мадрид, Удине, Венеција, Верона и Црвена Zвезда каде ја заврши кариерата во 1991 година.
По кариерата, Далипагиќ работеше и како кошаркарски тренер во Србија, Италија, а беше тренер и на МЗТ Скопје во сезоната 1998-1999.