Ракометната и спортската јавност денес го загубија Илија Темелковски, човек кој сиот свој живот и работен век го посвети на развојот на ракометот во Македонија.
Ракометната Федерација на Македонија изрази длабоко сочувство до семејството на Темелковски и ја истакна неговата непроценлива улога како спортски работник и љубител на ракометот.
Погребот ќе се одржи утре во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел.