Почина Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка Илинка Митрева, објави СДСМ.

Од партијата изразија сочувство до семејството на Митрева.

– Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.
Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните. Нека почива во мир, стои на фејсбук објавата на СДСМ.