Почина легендарниот басист Аљоша Исмаиловски – Аљо

Македонската музичка сцена загуби уште еден свој великан. Почина Аљоша Исмаиловски – Аљо, извонреден басист и дел од култната група Лева патика.

Иако свиреше во повеќе македонски бендови, како Чуден крој, неговото име останува нераскинливо поврзано со Лева патика, подоцна позната како Патика. Со членовите Бошко Доневски – Чико (тапани), Драган Груевски – Груле (гитара), Гранит Таки (вокал) и Рамис Јусуфи – Цики (клавијатури), кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите го снимија едноименниот албум Патика. Издаден од загрепската куќа Сузи, во продукција на Питер Мак Тагарт и Љубомир Бранѓолица, албумот содржи десет песни, меѓу кои и легендарната Неправда – песна што ќе остане запишана како македонски хит на столетието.

Со текот на времето, членовите на Патика се повлекоа од музичката сцена, а Аљоша продолжи со својот живот надвор од светлата на рефлекторите.

Проштавањето со оваа урбана музичка легенда ќе се одржи утре, вторник, 25 февруари 2025 година, во 14:00 часот, во Капела бр. 1 на градските гробишта Бутел – Скопје.

“Почивај во мир, Аљо…” – напиша неговата сопруга Елена во емотивна објава на Фејсбук.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното