Почина легендарниот пејач Џими Бафет

Тажната вест ја потврди и семејството.

Познатиот пејач Џими Бафет почина на 76-годишна возраст, пренесува The Sun.

Веста за смртта на музичката икона ја објави неговото семејство на социјалните мрежи преку емотивна објава.

„Џими почина мирно во ноќта на 1 септември, опкружен со семејството, пријателите, музиката и кучињата. Животот го живееше како песна до последниот здив и ќе им недостига на многумина“, напиша семејството.

Зад себе ја остави сопругата Џејн, со која беше во брак повеќе од 40 години, и три деца Савана, Сара и Камерон.

Исто така, споменатиот медиум пренесува дека им оставил богатство кое се проценува на околу една милијарда долари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното