Ѕвездата на „Да министре“, Џон Нетлтон, почина на 94-годишна возраст.
Актерот беше најпознат по улогата на Сер Арнолд Робинсон во гореспоменатиот политички сатиричен ситком.
„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан клиент и многу сакан сценски и филмски актер Џон Нетлтон на 94-годишна возраст“, се вели во соопштението на агентот на актерот, Скот Маршал Партнерс.
Ја остави сопругата Деирдре, три деца и пет внуци.
Роден во Лондон на 5 февруари 1929 година, телевизиските заслуги на Нетлтон вклучуваат уште една политичка улога како конзервативен пратеник во британскиот ситком The New Statesman. Тој се појави и во детективските драми Midsomer Murders и Foyle’s War.
Освен на телевизија, Нелтон има одиграно и многу улоги во театарот, пишува Дејли Меил.