Актерот Бјун Хебонг почина денеска на 81-годишна возраст. Неговото семејство денеска ја потврди тажната вест, истакнувајќи дека тој ја загубил битката со ретка форма на рак на панкреасот, пишува новинската агенција Јонхап.
Актерот ветеран соработуваше со често оскаровецот Бун Џонг-хо, познат по „Паразит“, „Окја“ и „Сеќавања на убиството“.
Во 2000 година, актерот се појави во режисерското деби на споменатиот автор „Barking Dogs Never Bite“ и со таа улога ја „подмлади“ својата кариера, пишува Дејли Мејл.
Тој исто така имаше забележителни улоги во филмовите „Memories Of Murder“, „Sink & Rise“ и „The Host“ кој е корејски филм со најголема заработка. Неговата актерска задача во тој дел беше позитивно оценета.
Пред три години беше одликуван со орденот Еунгван, највисокото признание за придонес во културата во Јужна Кореја.
Ѕвезден актер кој ја загуби битката со опасна болест, корејскиот актер ветеран ја започна својата кариера во театар, а потоа се посвети на телевизиските улоги („Првата република“, „Династијата Џосеон 500 години: Сеолјунгмае“, „Легендарниот доктор – Хур Јун“). Неговата последна ТВ улога беше во драмата Мојот адвокат, г-дин Џо 2: Злосторство и казна од 2019 година.