Вчера околу 14,50 часот во Струга пријавено е дека од покрив на објект сопственост на приватна фирма што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот пат Струга – Ќафасан, од висина од околу 8,5 метри паднал работникот В. С. (48) од Скопје и починал.
Се вчитува...
Увид на лице место извршила увидна екипа од Струга, а од страна на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
