Евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток започнува денеска преку комерцијални чартер-летови, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Министерството веќе склучи договор со авиокомпанија по спроведена постапка за јавна набавка, а планот предвидува сите граѓани кои побарале помош да бидат вратени дома до средината на следната недела.
Целиот процес е под координација на Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот. Според официјалните податоци, досега се евидентирани следните бројки:
- Катар: Од 150 контактирани лица во Доха, 95 побарале евакуација.
- Обединети Арапски Емирати: Амбасадата во Абу Даби ја контактирале 585 лица.
- Останати земји: Пријавени се 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Саудиска Арабија.
Од МНР упатија уште еден повикот до сите граѓани кои се наоѓаат во овој регион, а имаат потреба од асистенција, веднаш да стапат во контакт со дежурните телефони на претставништвата или на СОС-бројот на Министерството. Техничките детали за летовите ќе се утврдуваат во координација со авиопревозникот, за што пријавените граѓани ќе добијат дополнителни информации.
