Македонија

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Почна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека започна исплатата на образовниот додаток за четвртиот мерен период од учебната 2025/2026 година.

Од Министерството информираат дека средствата веќе се исплаќаат до корисниците кои ги исполнуваат условите за остварување на ова право.

Образовниот додаток се исплаќа во четири мерни периоди во текот на учебната година. Исплатата за првиот мерен период се реализира во декември, за вториот во февруари, за третиот во мај, додека исплатата за четвртиот мерен период се врши во текот на јули.

Надлежните посочуваат дека оваа финансиска поддршка е наменета за поттикнување на редовното образование и обезбедување помош за семејствата кои ги исполнуваат законските критериуми за користење на образовниот додаток.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни