Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од денеска започна исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2026 година.
Корисниците кои располагаат со дебитна картичка можат веднаш да ги користат средствата, било преку подигнување готовина на банкоматите, безготовински плаќања во трговската мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Воедно, исплатата е достапна и за граѓаните кои не користат дебитни картички. Тие од денеска можат да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките.
Од Министерството посочуваат дека исплатата се однесува на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јуни 2026 година.