Македонија

Почна Конгресот на Алтернатива – Скендер Реџепи не присуствува

Почна Конгресот на Алтернатива – Скендер Реџепи не присуствува

Политичката партија Алтернатива денеска, во Филхармонија на Македонија, го одржува првиот конгрес.

Според информациите, пратеникот Скендер Реџепи-Зејди не присуствува на овој Конгрес.

Инаку, Реџепи пред неколку дена на ТВ21 беше многу критичен кон структурите на партијата, особено кон претседателот Африм Гаши.

Тој порача дека Алтернатива нема зошто да остане во Владата доколку не ги исполни програмите за политички монтираните случаи.

„Доколку Владата не е во состојба во што е можно побрз рок да направи вакви нешта, тогаш нема причина зошто Алтернатива да биде дел од Владата. Ние имаме програма што ја ветивме, имаме наши точки. Сега не можеме да ги погледнеме луѓето в очи бидејќи не успеавме да ги реализираме програмските цели што ги имаме. 100 дена не се малку“, вели Скендер Реџепи – Зејди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни