Балкан

Почнаа преговорите за состав на новата српска влада

Почнаа преговорите за состав на новата српска влада

Преговорите за формирање на новата српска влада започнаа во понеделникот и ќе продолжат во следните седум дена, па сосема е реално Србија да има нова извршна власт најдоцна до последната недела од август, пренесува белградското издание „Вечерне новости“.

Според весникот, српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е и лидер на Српската напредна партија, која победи на изборите во април, ќе се сретне со лидерите на партиите за кои се верува дека се дел од владејачкото мнозинство за да ги потврди главните принципи на иден кабинет.

Ова мнозинство практично беше дефинирано при гласањето за претседател на Собранието.

Тоа значи дека социјалистите, Сојузот на Унгарците во Војводина, Партијата на обединети пензионери на Србија и Социјалдемократската партија на Србија, кои заедно со СПП имаат вкупно 154 гласа и ја поддржаа кандидатурата на Владимир Орлиќ за претседател на Собранието треба да дојде на преговори со СЈО, пишува весникот.

Две имиња се споменуваат како можности за премиерската функција – актуелната премиерка Ана Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали, иако не е исклучено во последен момент да се појави и трето име, забележува изданието.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни