Почнува 80-то Генерално собрание на ОН во Њујорк, Трамп ја отвора Генералната дебата, Сиљановска ќе се обрати во четврток

Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк денеска почнува 80-то Генерално собрание. Под мотото „Подобро заедно: 80 години и повеќе, за мир, развој и човекови права“, светските лидери ќе ги презентираат своите ставови за глобалните предизвици.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја отвори Генералната дебата, а на првиот ден ќе зборуваат и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, турскиот Реџеп Таип Ердоган и францускиот Емануел Макрон.

Советот за безбедност ќе расправа за војната во Украина, со очекувано присуство на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Македонија ќе ја претставува претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, која ќе се обрати во четврток.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.