Денеска е чист понеделник и започнува велигденскиот пост.
Во јавноста е објавен и правилник за тоа кога треба да се пости на масло, а кога треба строг пост!
Типикот е објавен со благослов од Неговото Високопреосвештенство Митрополит европски господин ПИМЕН.
Верниците освен што се воздржуваат од лоши мисли и постапки, не јадат мрсна храна – месо, јајца, сирење и млеко.
Виното и маслото се дозволени само во сабота и недела и на Св. четириесет маченици, а риба за време на пост може да се јаде само на празникот Благовештение и Цвеќе, а во сите други денови се пости на вода.
Посебно строго се постат првите и последните денови од постот.
На Велики петок, кој е во добра здравствена состојба, нека се воздржува од јадење и пиење додека не се симне плаштеницата, кога се зема оброк на вода.
Исто така Велика Сабота строго се пости на вода и тоа е единствената сабота во годината што се пости на вода.

