Балкан

Почнуваат зимските попусти во Грција

Почнуваат зимските попусти во Грција

Зимските попусти во Грција започнуваат денес и ќе траат до 28 февруари.

Претседателот на Индустриската и трговската комора на Пиреја, Василис Коркидис, прогнозира дека прометот ќе надмине шест милијарди евра.

Попустите се одржуваат двапати годишно, во јануари и јули, а оваа година се очекува зголемена продажба благодарение на повисоките плати и намалената невработеност.

Потрошувачите треба да внимаваат на правилното означување на цените и да бидат внимателни на евентуални измами, бидејќи казните за неисполнување на законските прописи се не помали од 20.000 евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни