Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови!

Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои
ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над
40 l/m² за 24 часа.

Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат.

Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Во Скопје, утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, а во
сабота ќе бидат со послаб интензитет и попладне ќе престанат.