Балкан

Поддршка за Вучиќ: Колони возила со српско знаме во Белград и Косовска Митровица (ФОТО)

Поддршка за Вучиќ: Колони возила со српско знаме во Белград и Косовска Митровица (ФОТО)

Колони возила со српски знамиња крстосуваат по улиците на Белград, по усвојувањето на резолуцијата за Сребреница.

Колоната беше на плоштадот Никола Пашиќ, а потоа се упати кон улицата Кнежа Милоша, па преку Теразиј повторно кон плоштадот Никола Пашиќ.

Голема колона возила е снимена и во Нов Белград.

Во центарот на северниот дел на Косовска Митровица вечерва се возеле колони возила со српски знамиња во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата борба во Генералното собрание на ОН.

Возилата правеа кругови околу споменикот на Цар Лазар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни