Во текот на денешниот ден на целата територија на државата ќе има врнежи од дожд, што според прогнозите ќе бидат пообилни во крајните западни делови, каде што на места се очекува да паднат над 20 l/m2 дожд, информираат од ЦУК, потпирајќи се на информации од УХМР.
„Овие врнежи се очекува да предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава, но во речните корита се уште има доволно простор за примање на овие количини на вода и засега не постои опасност од појава на поплави.
Денешните врнежи ќе придонесат за наполнување на подземните резерви со вода и прихранување на земјата со влага, што отсуствуваше во изминатиот период, како и за подобрување на состојбата со природните езера и вештачките акумулации низ земјава“, велат од ЦУК.

