Поднесена кандидатурата на Аријан Ибраим за градоначалник на Општина Центар Жупа

Во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини, денес Демократската Партија на Турците (ДПТМ) официјално ја поднесe кандидатурата на кандидатoт за градоначалник за Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, во Државната Изборна Комисија.

„Центар Жупа е општина во која со години заеднички вложуваме труд, доверба и посветеност. Нашиот кандидат Аријан Ибраим, преку својата работа и пристап, ја стекна и ја зацврсти поддршката на граѓаните. Уверени сме дека и на овие избори ќе продолжиме по истиот пат, со истата одлучност и посветеност.

Веруваме дека на 11 јануари, со уште поголема излезност и уште посилна поддршка од нашите сограѓани, Центар Жупа повторно ќе победи. Нека овие избори бидат успешни и благотворни за нашиот народ, за државата и за целото наше членство. На нашиот кандидат и на општинската организација им посакуваме искрен успех.

Со силна вера и искрена желба, со нетрпение очекуваме повторно да прославиме голема победа во Центар Жупа. Цврсто веруваме дека оваа победа ќе ја постигнеме заедно со народот на Центар Жупа“, велат од ДПТМ.