Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени две лица

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени две лица

Две лица се осомничени за убиството на 26-годишниот А.М. од Скопје, кој беше застрелан на 6 септември во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, преку Одделението за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против Р.К. и И.С. поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“.

Според пријавеното, на 6 септември околу 23:30 часот, две лица кои се движеле со мотоцикл пукале со огнено оружје кон група лица во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

При пукањето бил погоден А.М., по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. И покрај укажаната медицинска помош, 26-годишниот скопјанец починал.

Кривичната пријава е поднесена по преземените мерки и активности од страна на полицијата во рамки на истрагата за случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни