Подземните простории на Колосеум се отворени за ноќни посети

Римскиот Колосеум го отвори својот лавиринт од подземни комори и тунели за ноќни посети.

Посетителите ќе можат да уживаат во подземните простории на Колосеум секој петок и сабота од 20 часот, како дел од годишната иницијатива Luna sul Colosseo, а ќе трае до 30 октомври.

Оваа година, постои нов план за пат преку специјално осветлено подземје што ги води посетителите во срцето на областа каде што беа сместени гладијатори и диви животни пред борбата.

Водичите водат повеќечасовна турнеја на италијански и англиски јазик, а самата турнеја е наменета за групи до 20 луѓе. Цените на билетите се 25 евра, или 22 евра за групи, и потребнa е да резервација за влез.

По две и пол години работа на реконструкција на подземни премини, туристите ќе можат да се спуштат и да лутаат низ дел од поранешниот простор „зад сцената“ на античката арена.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.