Во рамките од Манифeстацијата „Град на култура за 2018“, во четвртокот на ден 26.7.2018г., се одржа уште настан. Овој пат демирхисарската публика имаше можност да ужива во прекрасната поетска изведба на Владимир Мартиновски поет, писател и професор. Мартиновски се претстави пред публиката со избор на песни од сите негови досега издадени книги.
Организаторитe на „Демир Хисар град на култура“, искрено му се заблагодариjа на професорот Мартиновски, со тоа што со неговото присуство овозможи да се помине една прекрасна летна поетска ноќ.
Исто така, благодарност за доприносот (подарокот) на неколкуте негови книги: „Поетски ревизии“, „Внатрешни планини“, „Вистинска вода“, „Сонувани и будни песни“, „Пред и по танцот“ со кои библиотечниот фонд на градската библиотека денес е побогат.