Поевтинуваат горивата: Ова се новите цени од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика денеска излезе со нови цени за горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините и на дизелот се намалуваат за 0,5 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 76 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 78,5 денари по литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68,5 денари по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,680 ден/кг, и ќе изнесува 41,025 денари по килограм, додека поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство и од утре ќе изнесува 68,5 денари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното