Пограничната полиција од Корча му пружи помош на македонски параглајдерист кој вчера за време на силното невреме бил однесен на албанска територија. Веднаш по добиената дојава, полициските служби реагирале брзо и професионално, успеале да го лоцираат и да обезбедат негово спасување.
Според соопштението на Дирекцијата за миграција и граница во Корча, информацијата прво пристигнала од капетанијата во Свети Наум, Северна Македонија, која пријавила дека параглајдерист полетал, но поради силниот ветер неговиот лет бил пренасочен кон селото Аларуп, во близина на Поградец. Екипите веднаш биле испратени на терен, воспоставиле контакт со спортистот В.П. и потврдиле дека тој е во добра здравствена состојба.
Лицето било префрлено до граничниот премин Тушемиште, каде што влегло назад на македонска територија. Тој им се заблагодарил на полицајците за брзата реакција и нивниот професионален пристап.
Од Дирекцијата за миграција и граница во Корча истакнуваат дека граничната полиција останува целосно посветена на безбедноста на граѓаните, посетителите и туристите и потсетуваат дека на располагање е бесплатниот број 112 за секоја потребна интервенција.
