Направете вкусни поховани јаболки за десерт.
СОСТОЈКИ:
100 мл. масло
4 јаболки
1 лимон
150 гр. брашно
3 лажици масло
175 мл. бело вино
3 јајца
малку кора од лимон
ПОДГОТОВКА:
Се двојат белките од жолчките и се прави снег од белки, па се додаваат и жолчките и се меша.
Се додава масло и вино, па брашно и кора од лимон.
Се длабат и лупат јаболки и се чистат од семки, па се сечат на подебели кругови.
Се става лимонов сок на нив и се валкаат во смесата со јајца и брашно, па се пржат 5 минути на масло добро загреано.
Нека се исцедат од вишокот маснотии.



