Централното градско подрачје на Битола, населбите Баир, Ушици, Стрелите со неколку стотици домаќинства вечерва се без струја, пишува Апла.мк
Од Контакт центарот на ЕВН соопштија дека поради дефект на електричната мрежа без струјно напојување е централното подрачје на Битола и околните населени места. Од таму велат дека нивни тимови се излезени на терен за да овозможат непречено снабдување со струја.
Струја нема од 19.30 часот вечетва. Во деловите кои се без напојување има голем број на семејства кои се греат на струја, па ситуацијата предизвикува загриженост кај нив.
„Поради испад на трафостаница дел од битолското градско подрачје во моментов е без електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот. Снабдувањето со електрична енергија наскоро ќе се нормализира“, велат од ЕВН.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!