Речиси половина од болничкиот капацитет во Козле е пополнет. Педесетина деца се тука хоспитализирани. Лекарите велат дека морале да ги кренат критериумите за хоспитализација за да имаат место да им помогнат на сите деца на кои тоа им е неопходно.
Најголем дел од пациентите се бебиња и деца од предучилишна возраст. Респираторни компликации предизвикани од вирусни инфекции причина за задржување во болница. Докторите велат лекувањето велат мора да се врши под стручен надзор.
Само 20 проценти од оние што се прегледани имаат потреба од болничко лекување. Во амбулантите за 24 часа, се прегледуваат над стотина деца. Лекарите апелираат на преглед прво да се појде кај матичниот.
Лекарите очекуваат дека со сезонскиот вирус бројката на прегледи и на хоспитализации да расте во наредниот период.
Наташа Ј. Менковски