Во текот на претстојната ноќ, како и утре изутрина (20 февруари четврток) ќе имаме поларно студено и ведро време, и тоа поради влијанието на поларната воздушна маса која се спушта директно од Русија кон нашата Република Македонија. Во ваква ситуација, времето ќе биде во целост ведро и поларно студено.
Температурите на многу места низ Македонија ќе се спуштаат до близу, а во делови од Македонија и под -10 степени. Особено во Беровскиот регион, повисоките населени и планински места, како и на Скијачките центри температурите се очекува да се спуштат до околу, па и под -15 степени.
Во текот на претстојната ноќ исто така, ветерот кој го имавме денес од северен правец, значително ќе ја намали својата брзина.
Во Скопје и околината до утре наутро температурата ќе се спушти до околу -5/-6 степени.