Авион на „Ер Индија“ веднаш по полетувањето за Лондон се вратил во Њу Делхи поради „агресивното однесување“ на еден патник.
Во соопштението на „Ер Индија“ се наведува дека патникот ги игнорирал вербалните и писмените предупредувања и се однесувал агресивно за време на летот. Тој и повредил двајца членови на екипажот.
По инцидентот пилотот одлучил да се да се врати во Њу Делхи веднаш по полетувањето, а патникот по слетувањето бил предаден на безбедносните сили.