Македонскиот телевизиски пазар ја преживеал 2024 година благодарение на огромната финансиска инфузија од политичките партии за време на претседателските и парламентарните избори. Најновата анализа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) покажува дека без приходите од платеното политичко рекламирање (ППР), речиси целиот телевизиски сектор, со исклучок на петте најголеми национални телевизии, би доживеал драстичен пад на приходите и би се соочил со сериозни проблеми со одржливоста.
Иако на прв поглед податоците покажуваат дека комерцијалните телевизии оствариле повисоки вкупни приходи во споредба со претходната година, анализата на АВМУ ја открива суровата реалност зад овие бројки. Растот, како што се наведува, се должи
исклучиво на приходите од платеното политичко рекламирање.
Кога ќе се тргнат настрана парите од изборните кампањи, реалната слика за пазарот е многу поинаква:
- Петте национални терестријални телевизии (Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма) имаат незначителен раст на редовните приходи од само 0,92%.
- Сите други сегменти бележат огромен пад на редовните приходи: телевизиите на државно ниво преку неограничен ресурс имаат пад од 21,12%, регионалните телевизии пад од 13,25%, а локалните телевизии пад од дури 17,93%.
Особено е алармантна состојбата кај регионалните и локалните медиуми, кои се оценети како „економски слаби и непрофитабилни“. Анализата покажува дека кај регионалните телевизии, неверојатни
58% од вкупните годишни приходи дошле директно од платено политичко рекламирање. Ова, според АВМУ, јасно укажува на силната зависност на овие медиуми од изборните циклуси, што ја доведува во прашање нивната долгорочна одржливост и можноста за инвестирање во квалитетна програма надвор од изборните периоди.
Читај и ова:
- 1.Три возила се судриле на патот Струмица- Радовиш – сообраќајот во прекин!
- 2.Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е потсетник дека слободата се брани со единство и храброст
- 3.Метео аларм: Силен северен ветер во Повардарието и источните делови
- 4.Алармантно откритие од научници под Антарктикот: „Неконтролирано истекување од пукнатини, ова би можело да стане епицентар на опасност“
- 5.Трамп прими бустер доза против Ковид – докторите велат срцето му е 14 години помладо од хронолошката возраст