Финансиска полиција врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во населбата Жданец – дознава 1ТВ од извори во финансиската полиција. Како што дознаваме, кај Јакимоввски се бараат докази за финансиски малверзации, односно за злоупотреба на функцијата. Од финансиската полиција се уште не соопштуваат детали бидејќи претресот се врши во моментов. Не откриваат ниту дали Јакимовски ќе биде приведен.
Инаку, финансиската полиција истражува три тендери на општина Карпош, склучени под раководство на Јакимовски.