СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
На 07.10.2024 на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во с.Мидинци, кичевско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „рено“ управувано од пријавениот, при што биле пронајдени огревни дрва.
Притоа, тој се дал во бегство, а по преземени мерки и по пристигнување во семејниот дом, пријавениот со остар предмет упатувал закани кон полициските службеници.