Полицијата со апсења и солзавци се обидува да ги контролира „жолтите елеци“

Нови нереди во Париз каде што француската полиција со солзавци и со апсења се обидува да воспостави ред и да спречи насилства на протестот на „жолтите елеци“.

Уште рано утринава безбедносни сили беа поставени на сите критични точки во Париз, вклучувајќи ги и плоштадот „Бастиља“, и Трумфалната капија. Властите им порачаа на демонстрантите да останат дома.

Полицијата вршеше претрес по улиците, апсеше, а со солзавец се обиде да ги растера демонстрантите. До сега се извршени 400 апсења.

Низ центарот на главниот француски град се собраа 5.000 демонтранти, кои полицијата се обиде да ги стави под контрола.


Извор: ТВ21