На 11.02.2025 на подрачјето на Гази Баба во напуштени магацински простории, по претходна пријава од граѓанин, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња биле пронајдени 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут.
Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.