Полицијата трага по 82-годишна жена: Била во куќата која изгорела, но телото го нема!

СВР Велес презема активности за пронаоѓање на 82-годишната М.А. од село Бистрица, општина Чашка, чија куќа изгорела во пожар на 5 февруари околу 22:00 часот.

Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, информираше дека по настанувањето на пожарот, на местото на инцидентот излегле јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.

Полицијата, заедно со екипата на Јавното комунално претпријатие „Тополка“ од Општина Чашка, неколку дена по пожарот ги прегледувала остатоците од куќата, но не нашла човечко тело. Поради ова, на 6 февруари, нејзиниот внук, 53-годишниот О.М. од Велес, ја пријавил за исчезната.

Од СВР Велес потврдуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Пожарот, кој целосно ја уништил куќата, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Очевидците тврдат дека М.А. последен пат била видена во својот дом истиот ден кога избувнал пожарот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното