Полицијата трага по три исчезнати деца на возраст од 13, 15 и 16 години!

Во текот на вчерашниот и денешниот ден исчезнале три деца од Скопје.

Според Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.

Неколку часа подоцна во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско село во населба Ченто било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13).

Додека пак ноќеска во 01.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М. А.(15).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното