ПОЛИЦИЈАТА може да заплени повеќе од 2 милиони фунти од Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан, откако тие не платиле данок на 21 милион фунти приход од нивните онлајн бизниси, одлучи судот, јавува Би-Би-Си.
Полицијата во Девон и Корнвол се обиде да ги одземе средствата – кои се чуваат на седум замрзнати банкарски сметки – од браќата и третото лице, идентификувано како Ј.
Главниот судија на судот во Вестминстер рече дека она што се чини дека е „сложена финансиска шема“ е всушност „обична измама на даночните власти“.
Ендру Тејт рече дека пресудата е неправедна и ја нарече координиран напад.
Дел од средствата беа во форма на криптовалути
Судот претходно слушна дека браќата уплатиле нешто помалку од 12 милиони долари на сметка на името на Ј.
Тие отворија и втор профил на нејзино име, иако таа немаше никаква улога во нивните онлајн бизниси, вклучувајќи ги War Room, Hustlers’ University, Cobra Tate и OnlyFans. Дел од средствата на име Ј беа во форма на криптовалута.
Адвокатите на полицијата во Девон и Корнвол презентираа докази дека Ендрју Тејт јавно изјавил дека не плаќал данок во ОК и дека неговиот пристап бил да „игнорира, игнорира, игнорира бидејќи на крајот тие се откажуваат“.
Одлучувајќи во полза на полицијата, судијата Пол Голдспринг изјави дека браќата не му доставиле на судот никаков доказ за плаќањето данок, инсистирајќи преку нивните адвокати дека тоа е легитимна деловна активност.
Во својата писмена пресуда, судијата изјавил дека е убеден оти браќата „дејствувале долгорочно и намерно со цел да избегнат плаќање данок“.
Полицијата може да заплени вкупно 2.683.345 фунти, вклучувајќи ги и криптовалутите.
Најновиот правен удар за браќата Тејт
Губењето на средствата претставува најнов правен удар за браќата. Во јуни минатата година, романските обвинители го обвинија Ендрју Тејт за силување, трговија со луѓе и создавање криминална група.
Тристан Тејт се соочува со обвиненија за трговија со луѓе, а романските власти велат дека случајот вклучува седум наводни жртви кои биле регрутирани со лажни ветувања за љубов и брак.
Одделно, полицијата во Бедфордшир бара екстрадиција на браќата во ОК под обвинение за силување и трговија со луѓе.
Судија во Букурешт рече дека барањето за екстрадиција ќе биде разгледано по завршувањето на случајот во Романија.